
Утре во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, ќе се одржи ждрепката за „лаки лузерите“ за Втората македонска фудбалска лига.
Новаци, Влазерими и Осогово како поразени во бараж натпревари ќе се надеваат на среќа во ждрепката и така да обезбедат влез во Втората македонска фудбалска лига.
Колку за потсетување, две екипи од поразени ќе обезбедат пласман во Втора лига, а една екипа
е „извини“ и ќе биде одново третолигаш.
Новаци загуби во пенал-рулетот од Вардар Неготино, Башкими со 3:0 славеше убедливо против Влазерими, а пак Тетекс со 1:6 го декласираше Осогово.
Утре ќе бидат пополнети последните две места и со тоа ќе се добие целиот изглед на Втората македонска фудбалска лига за следната сезона 2023/2024.