
Заврши сезоната и во најголемиот третолигашки регион во Север, откако денес беше одиграно последното 30. коло.
Шампионот Башкими кој ќе игра бараж за Втора лига, на домашен терен со убедливи 6:1 го декласираше тимот на Аеродром. Башкими како на тренинг натпревар се загрева за неделниот бараж, а веќе утре ќе го дознае противникот за баражот.
Егзон Азири и Иљбер Алили со по два гола во мрежата на Аеродром се загреваат да тресат мрежи и во баражот со кој Башкими конечно би се вратил во Втората лига, додека пак по еден гол постигнаа Ељмедин Ќаили и Мергим Љутфиу. За Аеродром единствен стрелец беше Леонид Филиповски.
Фортуна на домашен терен беше поразена од Маџари Солидарност со 3:4, Башкими Љуботен доби службени три бода од мечот со Илинден кој го откажа натпреварувањето, Риниа беше убедлива и со 9:0 го декласираше тимот на Раштак на домашен терен, Еуромилк со 2:1 го доби Куманово, БВК Коњаре со триумф од 5:3 ја заврши сезоната, а пак ССК Нова со минимални 1:0 го доби мечот со Беса Влазрими.