
Познати се сите ученици кои се чекираа за четвртфиналето од големиот турнир во мал фудбал „Враништа 2023“. Претходните денови беа одиграни натпревари од осминафиналето, со што се познати сите патници во четвртфиналето. Ресторан Разбој, АСП Пак, Фасада Чајник, БИЗИ Груп Враништа, Бел мерцедес, Гостилница кај Мече, Камионски Делови БОСС и Дебрца Експрес се екипите кои ќе играат во четвртфиналето.
РЕЗУЛТАТИ ОД ОСМИНАФИНАЛЕ:
Недела 21.05.2023
20:30 Слатино – Ресторан Разбој (1:1) 1:2п
21:30 Станица и Викса пром – Гостилница кај Мече 0:2
Понеделник 22.05.2023
20:00 Камионски делови БОСС – Галичник Хризантема 6:1
21:00 АСП ПАК – Сквер Кафе (3:3) 4:3п
22:00 Дебрца Експрес – автоплац Нити 3:1
Вторник 23.05.2023
20:00 Бел мерцедес – Кафе бар 9 6:2
21:00 Фасада Чајник – Митротек (3:3) 5:4п
22:00 БИЗИ Груп Враништа – ДООЕЛ Ноче 7:1
Четвртфиналето ќе се одигра во два дена односно петок и сабота, додека пак денес и утре се слободни денови на турнирот „Враништа 2023“, со што екипите имаат дополнително време за подготовки.
Во петок Ресторан Разброј ќе ја предизвикува екипата на АСП ПАК, Фасада Чајник оди на соочување со БИЗИ Груп Враништа.
Во сабота екипата на Бел Мерцедес ќе има тешка задача против одличната екипа на Гостилница кај Мече, а пак Камионски Делови и БОСС ќе игра дерби против одличната Дебрца Експрес.
РАСПОРЕД ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Петок 26.05.2023
20:30 Ресторан Разбој – АСП ПАК
21:30 Фасада Чајник – БИЗИ Груп Враништа
Сабота 27.05.2023
20:30 Бел Мерцедес – Гостилница кај Мече
21:30 Камионски Делови БОСС – Дебрца Експрес