
Со пригодна манифестација, рецитал, положување свежо цвеќе пред бистата на Коле Нехтенин, средното училиште во Штип кое го носи неговото име започна со активностите за одбележување на својот партон празник, истовремено и оддавање почит по повод 80 годишнината од смртта на Нехтенин.
За во понеделник е закажан приредба, изложба, доделување награди и други активности со што продолжува одбележувањето на патрониот празник на училиштето.
„СОУ „Коле Нехтенин“ денес започнува со одбележување на патрониот празник. За оваа пригода нашите ученици подготвија пригоден реферат и рецитал, а веќе во понделеник ќе имаме свечена приредба. За да можеме да градиме едно општество треба да ја чуваме историјата и традицијата и еве на вакви денови ние се потсетуваме што направиле нашите предци за нас. “ – вели Шалева.
Утринава свежо цвеќе се положи и во алеата на народни херои во Штип по повод одбележувањето на годишнината од загинувањето на шесттмина борци, меѓу кои Ванчо Прке, Тошо Арсов, Коле Нехтенин, Митко Цецов, Ванчо Китанов и Александар Митрев.
Лаура Стојанова М-Нет