Асфалтирана улицата „Кочанска“ во штипски Дузлак како и дел од улицата „Сремски фронт“

Улицата Кочанска во населба Дузлак доби асфалтен слој. Денеска се завршија активностите на оваа улица, а се асфалтираше и потег на улицата Сремски Фронт, пред велзот на самата населба. Асфалтирањето на овие улици е дел од програмата за санирање на улици на територија на Општина Штип. Граѓаните кои живеат во овој дел од градот се задоволни од направеното, оти како што велат долги години овие улици биле во лоша сосотојба. Додаваат дека ваквите проекти кои периодов се спорведуваат на територија на Штип се добри за граѓаните оти се подобрува инфраструктурата во градот.

„Ова е добра улица, сега асфалтирана, долго време стоеше така, сега за сега е супер. Сметам дека требаше малку подебел слој на асфалт да се стави ама како е така е добро е“ – велат граѓаните.

Асфалтираниот потег на улицата Кочанска е со површина од 1690 метри квадратни, додека потеготот од улицата Сремски фронт е во должина од 500 метри. Средствата за асфалтирање на овие две улици се обезбедени од Буџетот на Општина Штип. Во наредните денови продолжуваат активностите на терен со што асфалтен слој ќе добијат повеќе улици на територија на Штип.

Лаура Стојанова М-Нет