
Последен класен час, дефиле низ градскиот парк во Кочани, матурантите од СОУ „Гошо Викентиев“ го завршија своето средно образование. Генерација која преживеа доста предизвици, но и успешно одговори на сите нив. Ковид пандемија, он лајн настава, ограничено дружење беа дел од предизвиците со кои се соочија матурантите, но сепак според класниот раководител, Ивица Јорданов, станува збор за успешна генерација ученици кои продолжуваат да го одат својот животен пат.
„Па ова е една генерација која дочека ковид, мешани чувства, дружењето беше малку на пониско ниво, ама сепак е една среќна генерација и после голема пауза ќе може повтроно да се дружат.“ – вели Јорданов.
Четири години полни со дружба и радост, среќни моменти кои секогаш ќе се паметат, вака матурантите ги опшишуваа четирите години поминати во училишните клупи. Својата иднина дел од матурантите ја гледаат на факултет, друг дел надвор од државата.
Во склоп на вчерашната манифестација училиштето додели и благодарници на своите соработници кои сите години активно ги поддржуваа учениците во нивното учење и пракса.
Лаура Стојанова М-Нет