Штипската библиотека се претстави на 3. Меѓународна научна конференција за библиотекари

Штипската библиотека зеде учество на Меѓународна научна конференција на библиотекари. Истата се одржа вчера и денес, во амфитеатарот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, а НУ-УБ „Гоце Делчев“ беше претставувана од библиотекарката Ивана Стојанова. Стојанова имаше излагање со свој труд на тема „Улогата на библиотеката и професионалноста на библиотекарот во наставата/образованието“.

Ова е трета Меѓународна научна конференција и е во организација на Библиотекарското здружение, а на истата учество зедоа десетици излагачи од земјава и регионов, односно од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Унгарија и други.

Ребека Спасова М-Нет