Од 2 мај започнува уписот на првачињата во ООУ „Ванчо Прке“ во Штип

Од почетокот на наредниот месец започнува уписот на првачиња во Основното училиште „Ванчо Прќе“ во Штип. Уписот ќе се врши на деца родени 2017 години и месец јануари 2018 година. Децата кои ќе се запишат во прво одделение во навденетиот рок треба да дојдат во училиштето заедно со родителите.

„ООУ „Ванчо Прке“ Штип им соопштува на родителите дека уписот на ученици во прво одделение во учебната 2023 – 2024 година ќе се врши во периодот од 2.5.2023 до 31.5.2023 година секој работен ден од 09 до 17 часот. Ќе се запишуваат деца родени од 01.01.2017 до 31.12.2017 година. Согласно Законот за основно образование во учебната 2023 – 2024 година може да се запишат и децата родени од 1.1.2018 до 31.01.2018 година, по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагогот и психологот во училиштето. “ – стои во писменото соопштени од страна на училиштето.

Од училиштетото посочуваат и кои услови треба да бидат исполнети за да може да се запишат во прво одделение и децата со попреченост.

„При запишување на дете со попреченост во прво одделение, родителот или старателот е должен да достави и мислење, функционален профил од комисија за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка“ – додаваат од училиштето.

За запишување на децата во прво одделение потрбно е да се достави потврда за примени задолжители вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена институција, потврда од стоматолог, офтамолог, како и фотокопија од матична книга на родените.

Лаура Стојанова М-Нет