Силекс ги доби „лавовите“, реми во Автокоманда, Шкупи зариба во Кавадарци – титулата невозможна мисија за чаирчани

фото: ФК Работнички

Денес беше комплетирано 28. коло од Првата македонска фудбалска лига, откако истото беше отворено вчера со дербито помеѓу Брегалница и Шкендија, кое заврши со минимална победа од 0:1 за тетовчани, како што веќе објави телевизија М Нет.

Силекс денес со минимални 1:0 со голот на Давид Манасиевски триумфираше над Македонија Ѓорче Петров, со што кратовци го искористија киксот на Шкупи, кој одигра 0:0 против Тиквеш во Кавадарци, па така, сега Силекс како четвртопласиран има само три бодови.

Шкупи зариба во Кавадарци каде одигра 0:0 проритв Тиквеш, екипа која никако да победи. Одбраната на титулата веќе станува невозможна мисија за чаирчани, кои сега имаат седум бода негатива во однос на лидерот Струга и четири помалку од Шкендија која е втора.

Работнички се намачи, но со минимални 0:1 ја доби Победа во Прилеп, со голот на Кире Маркоски постигнат во 31. минута од мечот.

Скопје и Академија Пандев ги поделија бодовите играјќи 1:1, па овој резултат повеќе од важен беше за струмичани, кои ја одржуваат бодовната дистанца од „пиратите“ од четири бодови на пет кола до крајот од Првата лига.

Ване Крстевски уште во 2. минута ја донесе Академија Пандев во водство од 0:1. Во вториот дел Азер Омерагиќ постигна гол во 59. минута за конечни 1:1.