
Денес беше комплетирано 23. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север, откако истото беше отворено вчера со два натпревари, за кои веќе извести телевизија М Нет.
Вчера, Раштак со 3:2 славеше триумф над Фортуна на домашен терен, а пак Башкими Љуботен и Еуромилк ремизираа играјќи без голови (0:0).
Денес, гледачите на телевизија М Нет имаа ексклузивна можност да го проследат во ЖИВО дербито на Северот помеѓу поранешниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Башкими и БВК Коњаре, мега-дерби кое заврши со минимални 1:0 за домашниот тим.
Башкими е пред официјален пласман во баражот за влез во Втората македонска фудбалска лига, а херој денес беше Иљбер Алили, кој во 59. минута постигна гол вреден три бода и речиси сигурен пласман во баражот.
Триумфот на Башкими добива на тежина бидејќи беше изборен со играч помалку на теренот, откако Алајдин Алили заработи директен црвен картон уште во 10. минута, а овој момент не успеа да го искористи БВК Коњаре.

Кадино на домашен терен во финишот од натпреварот го доби Куманово со 2:0. Илиевски во 82. минута погоди за 1:0, а Николовски во 88. минута за конечни 2:0.
Илинден на домашен терен беше поразен со 1:2 од екипата на Петровец. Во првиот дел мрежите мируваа, па натпреварот се решаваше во второто полувреме. Калач во 63. минута го отвори резултатот за 0:1, а Петровски во 69. минута израмни на 1:1. Во 78. минута од натпреварот Александар Божинов погоди за конечни 1:2.
Аеродром и Беса Влазрими ремизираа играјќи 1:1. Гостите пред крајот на првиот дел дојдоа до водство од 0:1 со голот на Ајдини, а на стартот од вториот дел Филиповски постигна гол за конечни 1:1.
Маџари Солидарност со голот на Игор Пандовски во 80. минута стигна до минимален триумф од 1:0 на домашен терен над ССК Нова.
Екипата на Риниа беше слободна, откако Волково се откажа од понатамошно натпреварување.
- ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – СЕВЕР:
