
Реализиран младински шаховски натпревар во среднто медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип по повод одбележеување на патрониот празник на училиштето. Учениците од прво до девето одделение од основните училишта, како и оние од прва до четврта година од средните училишта имаа можност да се пријават и да бидат дел од натпреварот, како и да освојат награда. Организаторката на овој настан е задоволна од одзивот на ученсници како и поддршката од страна.
„Членовите од шаховскиот клуб кој денеска се во улога на судии, голема поддршка добив од колегите од нашето училиште и сакам да истакнам дека сум пријатно изненадена од одзивот на учесници на овој турнир. Млади шахисти кои се од основните и средни училишта од нашата општина. “ – вели Каракерезова – Данева.
Некој научил да игра шах со другарчињата, други со своите дедовци. Учесниците велат не е тешко да се игра ако се има желба и мотивација.
Пријатно изненадени од бројот на учесници беа и судиите, кои беа од новоформираниот шаховски клуб. Очекуваат младите шахисти да бидат во иднина и нивни членови.

„Изненаден сум од одзивот сега што го гледаме и веруваме дека со формирањето на нашиот клуб ќе има напредок. Се надевам дека ќе имаме членови и од овие деца, само така може да се движиме напред“ – вели Јорданов.
Настанот е поддршаж од Фондацијата за развој на локалната заедница и е дел од проектот Направи разлика, а е финансисран од страна на УСАИД.
Лаура Стојанова М-Нет