Речица подобра од Љуботен, Дрита го доби Напредок

Фото: Архива

Денес со два натпревари беше одигирано 10. коло од Трета лига – Запад, а со тоа започна и пролетниот дел од овој третолигашки регион.

Дрита на домашен терен со минимални 1:0 славеше над некогашниот прволигаш Напредок од Кичево. Стрелец на единствениот погодок беше Брендим Рушити, кој стрелаше во 84. минута од мечот.

Речица славеше над Љуботен со 0:2 на гостински терен, а триумфот беше обезбеден во вториот дел преку Бесарт Бафтири, кој стралеше во 75. минута за водство на Речица и Артан Зеќири, кој во 86. минута погоди за конечни 0:2.

Колку за потсетување, сезоната во Трета лига – Запад ја стартуваа десет екипи, но на стартот три екипи го откажаа своето учество, со што во овој третолигаш регион се натпреваруваат само седум екипи, и во секое коло има по неколку слободни екипи.

Во трката за баражот за Втора лига влегуваат лидерот Влазерими Ј 1977 и Зајази.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЗАПАД: