
Најавата за можно замрзнување на цените и на овошјето и на зелечнукот за произведувачите и трговци е непрефиатливо. Велат работна рака нема, цените на нафтата и ѓубрето се покачуваат, па неразумно е да се замрзнат цените на овошјето и зеленукот. Ако се донесе таква мерка од страна на Владата стравуваат дека ќе има недостаток на овошје и зеленчук, бидејќи и тие малку земјоделци кои останале да прозведуваат ќе се откажат од работа.
„Па како што сега работната рака слаба и нафтата скапа, тешка работа ќе е. Како што се работиле, дупло ќе се откажат. Ќе немаме доволно производство овошје и зеленчук. На тие работи не трреба да се замрзнуват цените, оти многу е скапа работната рака, од тој аспект не смеат да се замрзнат цените.“ – велат произведувачите.
Земјоделците велат дека ако се намали цената на нфтата ќе се намалат и цените на производите. Во спротивно многу тешко да се опстои со вакви цени. Ако пред пет до шест години се работеле по 12 декари земјоделие сега тоа е намалено на едвај два.
„Ако се намале цената на нафтата ќе се намалат и цените на зеленчукот, ако не тешка работа. Овие не се доволни цени за работната рака што е скапа и нафтата исто така. Како ние што сме производители на пример, тешко е, скапа работната рака. Ние работевме шест до осум души на нашето земјоделие пред неколку години. А сега не може ниту два декара да се изработат“ – додаваат земјоделците.
Високи цени претходниот петок држеа и доматот и краставицата, но за граѓаните енормно висока беше и цената на кромидот која достигна до 80 денари за килограм.
Лаура Стојанова М-Нет