
Едно полесно повредено лице е исходот од вчерашната сообраќајна незгода која се случи во штипски Караорман. Од полицијата потврдуваат дека во истата учествувале патничко и товарно моторно возило, а повреден е возачот на патничкото возило, пренесен во КБ Штип. Не станува збор за татко и син – учесници во сообраќајната несреќа велат од полицијата. Ова е втора сообраќајна незгода во Караорман за само една недела. На терен жителите од оваа населба велат дека патот е тесен, недостасува тротоар, но и дека возачите не ја почитуваат дозволената ограничена брзина на возење. Мостот и лошите кривини во Караорман се црна точка за возчаите.
„Патот е прилично тесен на овој дел, особено кон Таринци, Караорман, Стар Караорман, нема воопште од двете страни за пешаците за движење. Тоа е многу ризичен потег. И на тој дел понатаму се имаат случувано несреќи. Возачите возат несовесно, тоа е веќе позната работа.“ – велат жителите.
Ограничената брзина на движење во Караорман е 40 километри на час, а непосредно пред училиштето брзината на движење се намалува на 30 километри на час. Жителите велаѕ ретко кој ја почитува ограничената дозволена брзина на движење, а тоа е повеќе од потребно со цел да не се случуваат сообраќајни несречи како изминатата недела.
Лаура Стојанова М-Нет