Намалување на цените на тестенините и млечните производи на терен нема, велат штипјани

Утре Владата треба да донесе одлука за замрзнување на цените на млечните произвиоди и тестенините, ама вицепремиерот Битиќи истакна дека маркетите до утре имаат простор да ги намалат цените на производите. Во изминатите неколку дена граѓаните на терен немаат забележано намалување на производите, некои од нив додаваат дека дури има покачувње на цените на производите. Велат дека мерката е задоцнета, и не гледаат позитивност во намалувањето на цените за неколку порценти.

„Баш вчера купував шпагети, макарони, нема ништо намалено, можам да кажам дека се покачени а не намалени цените. За лебот има некаде намалување, Штип почна да го намалува тоа за разлика од Скопје.

Инаку, Тестенините од утре треба да поевтинат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти. Нивните цени се намалуваат согласно со одлуката што Владата ја донесе минатата недела. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера соопшти дека при крај се и анализите кои треба да покажат дали ќе бидат замрзнати цените на шеќерот, јајцата и оризот.

Лаура Стојанова М-Нет