
Две рати за кредитот на ЈП „Исар“ ќе се платит од страна на Буџетот на Општина Штип, а ќе се намалат средства за реализација на улици и патишта. Ова следи откако ЈП “Исар’ не беше во можност да си го подмири долгот кон Министерството за финансии, а од друга страна планираните првичнни средства за реконструкција на улици и патишта не биле толку потребни.
„Од причина што ЈП Исар не беше во можност да го сервисира долгот по однос на спогодбата потпишана со Министерството за финансии, Општина Штип подмири две месечни рати и поради таа причина се јави потреба за алоцирање на средства на оваа потставка. Намалувањето е извршено од средтсва наменети за реконструкција на улици и патишта и од средствата планирани за надомест на одземен имот, бидејќи за истите се утврди дека нема да бидат потребни во првични планираниот износ“ – вели Трендафилова.
Дали мора да се крати од ставката за реализација на улици и патишта, прашаа од СДСМ и колацицијата. Секретарот на Општина Штип истакна дека ова конто има најголеми финансиски средтсва и затоа се крати од таму. Ама додава дека проектите нема да трпат.
„Јас би сакал да прашам зошто кратиме од реконструкција на улици, и дали ова може да се плаќа од основниот Буџет.“ – праша Стојчевски.
„Имаме зголемени трошоци во однос на плаќањето на долгот на ЈП Исар. Од тие причини тамо мора да направеме пренамена на финсиски средства. На ова конто има најголем дел од финансиски средства се предвидува од таму да бидат преземени.“ – одговори Шорова – Ангелова.
Од општината посочија дека реализираните проекти може да се видат и по електронски пат на страната на општината, а со тоа и да се види сериозноста кога се во прашање релаизацијата на проектите за изградба на улици и патишта.
Лаура Стојанова М-Нет