
Секој ден, а не само Осми март жените заслучуваат да ги негуваат своите права. Нова облека, фризура, прошетки се потребни за жените сите 365 дена во годината, велат анкетираните штипјани на ден пред Осми март. Треба да се борат, за да ги добијат своите права кои ги заслужуваат.
„Толку сме борбени, не ни треба нас 8 Март, секој ден треба да биде 8 Март, да с ебориме за нашите права, а не за 8 Март како Пепелашки сите. Само тогаш дотерани со фризури и за тоа самата жена се потценува“ – велат граѓаните.
Кога станува збор за застапеноста на жените на високи раководни позиции, анкетираните се согласни дека таа е мала, ама додаваат дека во зависност од жената се почитуваат и нејзините права, како и нејзината прифаливост во општеството.
Во последните неколку години се забележува зголмување на бројот на работни места во разни инститции каде работи жената, но сепак според штипјанки овој број треба дополнително да расте.
Лаура Стојанова М-Нет