Кораб на крилата на Фатјон Леши го доби Јанг Тим, три бода за Лирија и Кравари

Денес беше комплетирано првото пролетно коло од Трета лига – Југозапад, откако 12-тата рунда беше отворена со вчерашното соочување на Новаци и Демир Хисар, меч кој заврши со триумф од 3:1 за домашниот тим.

Денес, Лирија од Грнчари со минимални 0:1 славеше над Иднина во Боровец, а стрелец на единствениот гол беше Јонус Рустеми, кој стрелаше во 22. минута.

Кравари на стартот од пролетниот дел со убедливи 3:0 го доби Влазними. Стрелци на трите погодоци беа Темур Емини и Виктор Гелевски, кои погодија во првиот дел, а пак Антонио Грујовски погоди на стартот од вториот дел.

Ланскиот второлигаш Кораб на крилата на Фатјон Леши го доби дуелот со Јанг Тим на гостински терен со минимални 0:1. Со овој триумф Кораб се израмнува на врвот со Новаци со ист број на бодови и продолжува неизвесната трка за баражот за Втора лига.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД: