
Денес беше комплетирана 21-та рунда од Првата македонска фудбалска лига, со трите средби во Ѓорче, Штип и Прилеп.
Брегалница и Шкендија во Штип го поделија “пленот” играјќи реми без погодоци.
Мрежите на Градскиот стадион во Штип во првите 45 минути мируваа со што Брегалница и Шкендија во вториот дел од мечот влегоа да решаваат за трите бодови, меѓутоа и во вториот дел мрежите останаа мирни, па 0:0 беше конечниот исход.
Силекс сосема очекува славеше на „Гоце Делчев“ во Прилеп, каде со 1:4 славеше над Победа. Кратовци на теренот на „фенерџијата“ први стигнаа до водство, откако по девет минути игра Милосављевиќ ја отвори Победа за водство на гостите од 0:1, резултат кој остана на полувреме.
На средината од вториот дел Победа израмни на 1:1 со голот на Делибашиќ, но за брзо Силекс го врати водството на 1:2 со голот на Александар Катаниќ од пенал со што прилепчани одново бркаа негатива. По примениот втор гол, Победа брзо во својата мрежа го доби и третиот гол за 1:3 со што беше јасно дека трите бода одат во Кратово на контото на Силекс. Стрелец одново беше Катаниќ.
Силекс во финишот продолжи да ја торпедира Победа, откако Катаниќ постигна хет-трик и погоди за убедливи и конечни 1:4.
„Лавовите“ конечно победија во пролетниот дел, откако на домашен терен со убедливи 3:0 славеа над Тиквеш од Кавадарци каде се покажаа во моќно издание.
Македонија на теренот во Ѓорче прва дојдоа до водство уште во 2. минута од мечот, откако Арби Воша погоди за 1:0. Тиквеш во првиот дел имаше свои „закани“ кон противничкот гол, но сепак, по првите 45 минути мрежата на Стевковски беше чиста.
Во вториот дел “лавовите” со голот на Филип Мишевски ја дуплираа предноста на 2:0 и со тоа беа пред прв пролетен триумф, а Емир Скендери ја завери победата за конечни 3:0.
Колку за потсетување вчерашните два воведни натпревари предизвикаа дожд од погодоци, откако во Кичево екипите на Шкупи и Академија Пандев го поделија „пленот“ играјќи 3:3, а пак Работнички во Велес како домаќин со 4:0 го декласираше Скопје.
