
Денес во Виница беше комплетирана 18-тата рунда од Втората македонска фудбалска лига со директната дерби-пресметка помеѓу екипите на Слога Виница и Локомотива, која заврши со минимален триумф од 0:1 за гостите.
Гледачите на телевизија М Нет имаа ексклузивна можност во живо да го следат дерби соочувањето на Градскиот стадион во Виница.
Гостите од Скопје први ја отворија Слога, откако 20-годишниот Мердиан Рамадани во раната фаза од мечот погоди за водство од 0:1. Со овој резултат двете екипи заминаа и на полувреме. Стартот од вториот дел Слога го започна со цел да постигне брз гол и со тоа да се врати во егал борба за трите бодови во пресметката за опстанок, сепак тоа одеше потешко од очекуваното, а Локомотива повеќе од успешно се чуваше од налетот на домашните, со што трите бода заминаа на контото на Локомотива, која прави сериозен исчекор за директен опстанок.
Колку за потсетување, вчера телевизија М Нет ексклузивно го пренесуваше во живо натпреварот помеѓу Пелистер и Арсими, кој заврши со триумф од 3:1 за битолчани, Гостивар со минимални 1:0 ја доби Беса, а со минимални 1:0 славеше и Беласица против Караорман на домашен терне, Кожуф излез од резултатската криза со триумф над Охрид со 2:1, дербито од дното помеѓу Тетекс и Борец заврши без победник (1:1), Воска Спорт со 4:0 ја декласираше Каменица Саса, а соочувањето во Маџари помеѓу Вардар и Детонит Плачковица заврши со триумф од 2:0 за најтрофејниот македонски фудбалски клуб.
Следното 19. вонредно коло ќе се одигра во среда.