Младеновски ќе им суди на Беса Влазрими и БВК Коњаре, Костенчев на Куманово и Риниа

Со натпреварите од 16. коло ќе биде отворена пролетната полусезона од Третата македонска фудбалска лига – Север. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на сите осум натпревари.

Пролетниот дел ќе биде отворен со воведниот меч помеѓу Фортуна и ССК Нова веќе утре, а останатите седум натпревари ќе се одиграа в недела. Сите натпревари ќе започнат во 14 часот, освен мечот помеѓу Кадино и Башкими Љуботен кој е закажан за во 10 часот.

  • Делегирани судии 16. коло ТМФЛ – Север:

Фортуна – ССК Нова, Бобан Јовановски (Скопје)
Беса Влазрими – БВК Коњаре, Дејан Младеновски (Скопје)
Петровец – Еуромилк ГЛ, Мендерес Насуфи (Куманово)
Куманово – Риниа 98, Никола Костенчев (Скопје)
Раштак – Волково, Александар Василевски (Скопје)
Кадино – Башкими Љуботен, Иле Никодиноски (Скопје)
Илинден – Башкими, Слободан Боцевски (Скопје)
Аеродром – Маџари Солидарност, Борче Павловиќ (Скопје)