Дерби меѓу Деспина и Каменица Саса во Прилеп, Тиверија гостува кај Речица

Утре со три натпревари ќе биде отворено 13. коло од Првата женска фудбалска лига. Воведниот натпревар го играат Скопје 2014 и Борец во меч каде голем фаворит за трите бодови ќе биде домашниот тим. Овој меч ќе стартува во 11:00 часот.

Во 14:30 часот свое соочување ќе имаат Речица и Тиверија во меч каде струмичанки ќе допатуваат како големи фаворитки за трите бодови. Тиверија утре ќе се обиде да го запише својот девети сезонски триумф и со тоа да остане во посериозна трка за првото место и шампионската титула.

СЦ Истатов на домашен терен ќе се соочи со екипата на АСС Унитед од Струга, во меч каде гостите ќе имаат блага фаворитската предност во однос на домаќините. Натпреварот ќе стартува во 15:00 часот.

В недела во 14 часот лидерот Љуботен ќе биде домаќин на Кочани, а на овој меч актуелниот шампион ќе биде апсолутен фаворит за трите бодови. Непоразениот тим на Љуботен е на врвот со 31 бод и граби кон одбрана на шампионската титула.

Колото ќе биде затворено во Прилеп со дуелот меѓу Деспина и Каменциа Саса во дерби меч за трите бодови. Саса силно ги посакува трите бодови со цел да го следи чекорот на непоразениот лидер Љуботен, а Деспина на својата страна го има домашниот терен и ќе атакува на свое девето сезонско славје.

  • Делегирани судии 13. коло ПЖФЛ:

СЦ Истатов 2015 – АСС Унитед, Марија Конеска (Прилеп)
Скопје 2014 – Борец, Ангела Рајчевска (Скопје)
Деспина – Каменица Саса, Миле Лазов (Неготино)
Речица – Тиверија, Ивана Пројковска (Скопје)
Љуботен – Кочани, Ирена Велевачкоска (Прилеп)
Шкендија – слободна екипа