
Православната црква утре празнува Тодорова сабота или меѓу народот празник познат како Тодорица. Празникот е посветен на светиот великомаченик Теодор Тирон, кој настрадал во прогоните на христијаните од страна на римскиот цар Максимилијан. Денот се празнува во спомен на чудо кое го направил околу 50 години по смртта, кога пред почетокот на велигденскиот пост римскиот цар сакал да им напакости на христијаните и наредил храната што се продавала по пазарите да се испрска со крвта на жртвите што им се принесувале на римските идоли. Меѓутоа, св. Теодор Тирон му се појавил на цариградскиот патријарх и му кажал да забрани христијаните да купуваат од храната, туку цела недела да јадат пченица со мед. Токму поради ова Црквата поучува да се разликува вистинската, разумна храна за душата, од навидум слатката, но скверна храна за хревот оти не телесната, туку духовната храна е она што го спасува човекот.
Празникот се слави во првата сабота од велигденските пости, односно првата сабота по Прочка, а е последниот ден од Тодоровата недела.