Мартинките симболизираат среќа и исполнување на желба – колку денеска се негува овој обичај

Традицијата со носење мартинки датира многу оддамна. Со конец во црвена и бела боја почнале да се изработуваат и да ги носта младите момчиња и девојчиња. Во минатото во македонските градови се првале разни паради на кои земјоделците ги презентирале производите, војниците оружјето, а домаќинките – облеката. Обичајот понатаму се променува и започнува изработката на мартинките. Мартинките симболизираат среќа, мир, се стават на почетокот на месец март замислувајќи си желба која понатаму треба да се исполни.

„Овој обичај датира уште од античкиот период кога во македонските градови се правеле дефилеа, разни паради и луѓето ги покажувале своите производи. Во тој период новата година започнувала на 1 март. Во текот на подоцнежниот период започнал еден нов обичај во врска со почетокот на март и правењето на мартинки. Се изработувале на тој начин што црвен и бел конец се преплетувале и се правело венец.“ – вели Георгијев.

Повозрасните штипјани на терен велат дека како помлади носеле мартинки и дека како традиција ова продолжува да се практикува и денес. Мартинката се носи се додека не се види ластовичка или штрк и потоа се става под камен за да се исполни желбата.

Овој обичај со носење мартинки е прифатен и во многу други земји а е внесен во УНЕСКО како дел од културното, светско и нематеријално наследство.

„Треба да се напомене дека овој празник и овој обичај е многу значаен за сите балкански народи и на иницијатива на Министерството за култура на Македонија, Бугарија и Молдавија овој обичај е внесен и во УНЕСКО, како дел од светското, културно, нематеријално наследство“ – додава Георгијев.

Обичајот со носење мартинки завршува месец дена откако мартинката ќе се стави под камен. Се верува дека ако по еден месец се крене каменот и ако има мравки значи дека годината ќе биде среќна и бериќетна за оној кој ја оставил мартинката под каменот.

Лаура Стојанова М-Нет