Реми без голови меѓу Струга и Македонија ЃП

Воведниот меч меѓу Струга Трим Љум и Македонија Ѓорче Петров од 20. коло од Првата македонска фудбалска лига заврши без победник и без погодоци (0:0).

“Лавовите” покрај езерото со играч помалку стигнаа до важен бод, а стружани по оваа реми, уште утре може да падне на второто место, бидејќи Шкупи утре игра со Силекс во Кратово и има плус меч т.е. два натпревари повеќе со утрешниот.

Самаке заработи црвен картон, а Ибраими не реализираше од белата точка, па стружани може да жалат за овој резултат.

Утре ќе се комплетира колото со останатите четири меча.

Работнички е домаќин на Брегалница, Силекс на Шкупи, Шкендија дома ќе игра со Победа, а Скопје ќе биде домаќин на Тиквеш. Во оваа коло е слободна екипата на Академија Пандев.