
Формирано здружение на граѓани „За наше Кочани“. По примерот на здруженијата формирани во Куманово, Тетово, Крушево и Прилеп, ова здржение во Кочани ќе има за цел да се бори против штетните влијанија во општеството и да придонесува за една поинаква, стабилна држава со млади и без корупција. Според претседателот на здружението, Данилов, сите граѓани кои имаат идеја и визија за подобра град и држава може да бидат дел од здружението и да придинесуваат заеднички за подобро утре.
„Гледајќи како Македонија се уназадува во изминатите 30 години и незадоволни од системот решивме да се приклучиме на концептот на здруженија на граѓани кои почнаа од Куманово, па се проширија во Прилеп, Тетово, Крушево денес во нашиот роден град Кочани основаме здружение на граѓани „За наше Кочани“. Целта на здружението е да привлечеме што може повеќе граѓани кои сакаат Македонија да ја видат економски развиена, стабилна, со проспиритет на младина, без корупција и со зачуван идентитет. Активностите ќе бидат координирани со активностите на сите други здруженија на граѓани во Македонија“ – кажа Данилов.
Првото вакво здружение на граѓани е формирано во Куманово, кое функционира повеќе од една година, а веќе шест месеца интезивно работи на промена на негативните влијанија во државата и придонесува за развој на градот и државата. Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој беше дел од настанот во Кочани истакна дека е задоволен од работата на здружението во Куманово.

„Здружението функционира интезивно, се занимава со голем број хуманитарни активности, некаде до сега броиме над илјада членови. Нашите програмски определби се јасни, заедно со граѓаните сакаме да го дадеме својот максимум и да се бориме против сите оние штетни влијанија во општеството и во државата, да ја направиме Македонија, првенствено Куманово поубаво место за живеење.“ – додава Димитриевски.
На ниво на државата се отворени четири здриженија на граѓани, и ова е петто во Кочани. Тенденција е да продолжат се да се отвораат и во останатите градови, со цел државата да се направи подобро место за живеење.
Лаура Стојанова М-Нет