По двегодишна пауза одржана традиционалната 36. Ловечка вечер во Штип

Со интонирање на химната, пригиодна манифестација, културно – уметничка програма реализирана 36. по ред Ловечка вечер во Штип, во организација на ЛЗ Ловец од Штип. Целта на настанот беше размена на искуства на вистинските ловци како и љубителите на природата и животинскиот свет. Негување на традиционални вечери како овие се од големо значење за сите ловци, каде покрај ловот, уживањето во природата се пружа прилика за дружба и забава. Ловство е спорт, а ловците се заштитници на животнискиот свет, потенцираше претседастелот на ЛЗ Ловец, Далибор Ѓорѓиев.

На настанот се доделија постхумно плакети за ловочувари и секретари, како и благодарници за сите оние кои на индирктен или директиен начин придонеле за развој на здружението и ловството воопшто. Скромен подарок доби и најмладиот член на здружението.

„Како претседател на Ловечката федерација на Македонија длабоко од душа ја поддржувам ловечката традиција, а во склоп на ловечката традиција се и овие традиционални ловечки вечери, каде имаме можност покрај ловот, уживањето во природата, дивечот и да се дружиме и забавуваме. Уште еднаш ќе потенцирам ова е големо задоволство што вечерва сме овде со моите ловци“ – вели Алексовски.

ЛЗ Ловец од Штип има историја подолга од 80 години, а првата Ловечка вечер е организирана пред 38 годиниод кога продолжува да се одржува традиционално секоја година во континуитет, се до ковид пандемијата. По двегодишна пауза годинава ловците и сите љубители на ловот имаа можност поворно да споделат искуства, а манифестацијата беше збогатена со лотарија и доделување вредни награди.

Лаура Стојанова М-Нет