
Вршителите на должноста директор на основните и средните училишта во Штип незаконски ги запоседнаа местата, истакнаа денеска на прес-конференција од ОО СДСМ Штип. Од таму образложуваат дека во сите училишта има в.д. директори со два мандата или со мандат кој трае повеќе од година, што во двата случаи е спротивно на законски пропишаното.
„На овие лица одмана им е истечен шестмесечниот мандат за вршител на должност директор што е во спротивност со Законот за основно образование, каде во член 118 вршителот на должноста директор ги врши работите до именување на нов директор, но не подолго од шест месеца од денот на неговото именување, а исто лице едноподруго не може да биде именувано за вршител на должноста директор на основно училиште. Согласно со Закон за основното образование, член 115, градоначалникот е должен три месеца пред истекот на мандатот на постојниор директор да донесе одлука – училишниот одбор да објави јавен оглас за избор на директор, а според став 4 од истиот член, доколку градоначалникот не постапи во рокот утврден во став 3, училишниот одбор независно објавува јавен оглас за избор на директор“, истакнаа од ОО СДСМ Штип.
Од таму бараат да се стави крај на беззаконието во училиштата, каде, според нив, Јорданов и ДПМНЕ свесно ги кршат законите и си продолжуваат рокови.
Наместо институциите да преземат мерки, СДСМ преку прес конференции обвинува и бара виновниц, врати Јорданов. Додава дека ќе издржат уште десет месеца,а потоа вистинскиот виновник ќе одговара.
„Година ипол да не се дозволува на било кој наш сограѓанин да полага и да се стекне со соодветна лиценца. Наместо институциите задолжени за ова да спроведат одредена постапка, да утврдат одговорност зошто година ипол не се преземаат никакви чекори тие со прес конференции, најлесна одбрана е да го напраднат противникот и да го презентираат како виновник. Затоа и порачувам дека овој притисок ќе го издржиме уште десет месеца, но за ова злодело ветувам дека ќе одговараат кога ќе се ослободат од стегите на СДСМ, обвинителството и МВР“ – кажа Јораднов.
Во оваа прилика Јорданов истакна дека решение на проблемот мора да се најде за да може училиштата во Штип да работат со поставени директори кои имаат положено соодветен менаџерски испит.
Лаура Стојанова М-Нет