Шабани: Дуелот со Тиквеш е многу важен за нас, во Кавадарци одиме по три бода!

Струга Трим Љум пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига ја отвара во Кавадарци против екипата на Тиквеш.

Во пресрет на дуелот во Кавадарци, капитенот на Струга, Буњамин Шабани даде свој коментар за подготовките во Анталија, а за денешниот прв пролетен дуел нагласи дека во Кавадарци патуваат по цел „плен“.

„Подготвителната фаза во Анталија помина многу добро во целост. Таму ги имавме сите услови да се подготвиме што подобро. Максимално се подготвувавме. На пријателски натпревари резултатот беше во позадина, мислам дека и новите засилувања се прилагодија на тимот и подготвени ќе го дочекаат стартот на полусезоната. Многу е важен натпреварот со Тиквеш, го почитуваме противникот, бидејќи се работи за квалитетен тим, но за нас најважни се бодовите. Ќе дадеме сè од себе за победа во Кавадарци и во Струга да се вратиме со три бода.“, рече Шабани.

Натпреварот ќе започне во 14:00 часот, како и останатите четири средби од 19. коло на ПМФЛ. Колку за потсетување, екипата на Силекс е слободна во првото коло.