
Детонит Плачковица со пораз од Беласица (2:1) во Струмица ја отвори пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига. За радовишани денешниот пораз беше трет во досегашниот тек од сезоната.
Тренерот на Детонит Плачковица, Иван Варадиновски по завршувањето на натпреварот даде изјава за телевизија М Нет нагласувајќи дека верува во екипата и дека ова е само лош почеток.
„Не успеавме да пресликаме моменти кои ни беа одлика на претходните натпревари, примивме два гола од прекини. Максимално верувам во екипата и дека ова е само лош почеточ. Целиот впечаток ќе биде поправен во наредните натпревари“, вели Варадиновски за М Нет.
Во следното коло Детонит Плачковица на домашниот терен во Радовиш го очекува дерби меч со Тетекс од Тетово. Оваа соочување ќе понуди повеќе од неизвесен и возбудлив фудбал бидејќи трите бодови ќе бидат повеќе од потребни. Радовишани сакаат триумф со цел да останат во игра за местата кои водат во Прва лига, а пак „штофарите“ сакаат втор триумф во низа со цел да излезат од зоната за испаѓање.
Првото соочување во Тетово заврши со убедлив триумф од 1:3 за Детонит Плачковица.