Караорман загуби од српскиот третолигаш Смедерево на контролен натпревар

Пред два дена струшкиот второлигаш Караорман загуби на контролен натпревар со високи 1:3 од српскиот третолигаш Смедерево.

Контролката се одигра на стадионот во Струга, а екипата на Смедерево ја одработува главната фаза од подготовките во Охрид. Што се однесува до Смедерово, тоа е екипа која е на првото место на табелата во Третата српска лига – Запад и ќе важи за главен кандидат за пласман во Втората српска фудбалска лига.

Караоран веќе викендот против Воска Спорт во езерското дерби ќе го отвори пролетниот дел од Втора лига на тешкото гостување во Охрид на СЦ „Билјанини Извори“.