
Вака Стојче од Штип пред неколку години разбрал дека има шеќер во крвта. Акција спроведена тогаш му го спасила животот, па вели организиранњето на вакви акции е повеќе од потребно, но и да се реализираат почесто.
„Многу, ако не беше оваа ваква ситуација јас којзнае каде ќе бев сега.“ – вели Стојче.
И останатите граѓани ги поздравуваат акциите како денешната во која се мереше шеќер во крвта и крвен притисок на случајни минувачи во центарот на Штип.
Акцијата денеска се спроведе од страна на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ. Велат целта е да се подигне свеста кај граѓаните редовно да вршат контроли и да водат грижа за сопственото здравје.

Заинтересираноста на терен беше голема, повозрасните, но и помлади граѓани мереа крвен притисок и шеќер во крвта, но и добиваа бесплатни совети како понатаму да водат грижа за сопственото здравје.
Лаура Стојанова М-Нет