Општините од Истокот кроат планови како да им помогнат на погодените подрачја од земјотресот

Со конкретна помош во наредниот период за населението во Турција ќе излезат и од Општина Карбинци. Намирници, средства за хигиена или финансиска поддршка ќе се знае деновиве. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов истакна дека како мала општина имаат мешано население, односно и граѓани од турска националност и ова е причина плус за да се собере помош и да им му се помогне населението во Турција.

„Жално е ова што се случува изминатиот период во Турција, сочувствувам си турскиот народ, ние имаме наши сограѓани во Општина Карбинци од турска националност. Во разговор со дел од советниците, со дел од службите овде во Општина Карбинци набргу ќе излезем со конкретни информации за да размислиме во насока на помош на турскиот народ. Иако сме ние мала општина, мала рурална средина ќе се обидеме во рамките на нашите можности да излеземе во пресрет и да понудиме некаква помош“ – кажа Паунов.

И останатите општини во Источниот дел од државата веќе кроат планови на кој начин да дадат помош и поддршка погодените подрачја. Општина Берово најверојаното ќе помогне со финансиски средства, но колкав ќе биде износот ќе се знае по одлуката на седница на Совет. Слична е и ситуацијата во Општина Делчево, од каде потврдија дека помош сигурно ќе има само деновиве ќе се одлучи за каква помош ќе станува збор.

Лаура Стојанова М-Нет