Градинка има, но не и деца – жителите се иселуваат од беровско Русиново

Градинка има, ама деца не. И во училиштето во беровско Русиново едвај учат 50 ученика. Младите заминуваат и остануваат само повозрасните, велат тамошните жители, ама и за нив не е како што било порано. Географски местото е со добра местоположба, на само шест километри оддалеченост од градот Берово, ама според некои од жителите и тоа не е доволно, бидејќи луѓе и во градот нема.

Селото има мешовита земјоделска функција, а над 2.000 хектари е обработливо земјиште и околу 1.500 хектари отпаѓаат на пасишта. Сепак, велат мештаните, никој веќе не се занимава со сточарство и земјоделство како порано.

Сепак, Русиново е релативно големо село ако по бројот на население се спореди со најмалата општина во регионов според Пописот во 2021 година, која е општина Зрновци. Во Русиново живеат само 583 жители помалку од општина Зрновци. Но и Русиново претходно било дел од истоимената Општина Русиново како единствено село, а потоа влегувало и во рамки на Општина Владимирово заедно со селата Владимирово и Мачево. Денес тоа е дел од општина Берово, а во селото во 2002 година живееле 2.095 жители, а во 2021 живееле 1.503 жители, што значи дека помеѓу двата пописа се иселиле 592 жители.

Ребека Спасова М-Нет