Прегазена жена во Штип, со тешки телесни повреди пренесена во КБ Штип

На 17.01.2023 во 15.00 часот пријавено е дека во Штип на ул.“Гоце Делчев“ патничко моторно возило “форд фиеста“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(35) од с.Стар Караорман-штипско, удрило во С.С.(48) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.