
Две нови дејности доби Јавното претпријатие Стипион, со цел да почне да функционира јавниот превоз на територија на Општина Штип. На денешната седнца на Советот на Општина Штип, едногласно се донесе одлуката оваа дејност да му се додели на јавното претпријатие. Од СДСМ побараа одговори на неколку прашања, директорот Зајков вети во најбрзо време.
„Би сакала да прашам дали е запознаен и на кој начин ќе се врши набавката на автобусите, бидејќи според изјавите на градоначалникот тоа ќе се врши од страна на ЈП Стипион и од страна на општината. И до каде е со фазата за иселување на вработените од магацинскиот простор кој беше оттуѓен од сопственоста на Стипион“ – праша Рогожарска Поповска.
„За реализација на проектот јавен превоз ќе следи изготвување програма за каде детално ќе бидат образложени сите прашања“ – одговори Зајков.
Проблемот со градскиот превоз во Штип се провлекува долг временски период. Откако денеска се донесе oдлуката наредниот месец ќе се распише оглас за набавка на автобуси со кои ќе се врши превозот. Шест автобуси осум пати на ден ќе се движат на шест локации и ќе ги задоволуваат потребите на штипјани од приградските штипски населби.
Лаура Стојанова М-Нет