Имран Фетаи е ново засилување за второлигашот Беса

Второлигашот Беса од Добри Дол го престави Имран Фетаи како ново засилување за пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига.

20-годишниот Фетаи во Беса доаѓа од редовите на лидерот Гостивар, а во својата кариера има настапувано за младите категории на Шкендија, потоа заигра и за сениорскиот тим, беше дел од У-19 тимот на Аполонија од Фиер, Албанија, а последно настапуваше за Гостивар.

Фетаи беше дел од У-18, У-19 и У-20 репрезентациите на Македонија, а сега е дел и од У-21.