Расчистени 16 дела „тешка кражба“ во Штип, лишени од слобода седуммина од кои двајца малолетници

Расчистени 16 кривични дела „тешка кражба“ извшрени на територија на град Штип, при крајот на минатата и почетокот на оваа година. Лишени од слобода се седум лица, меѓу кои и двајца малолетници. Во службен разговор во полициската станица тие ги признале кривичните дела, потврди портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.

„Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности, расчистија 16 кривични дела „тешка кражба“ од куќи, возила, градежен објект, продавница и од лабараторија во Клиничката болница Штип, извршени на територија на град Штип при крајот на минатата и почетокот на годинава.Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Н.И.(23), Е.Ј.(18), С.Н.(31), А.М.(39), Н.М.(41) и двајца малолетници, сите од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела. Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани.“ – вели Панајотова.

По комплетирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Лаура Стојанова М-Нет