Воска Спорт официјално го промовираше Ермедин Адем

Воска Спорт и официјално го промовираше Ермедин Адем како големо засилување за пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига, во која охриѓани ќе атакуваат на првите две места кои водат директно во Прва лига.

32-годишниот фудбалер е повеќе од трансфер „бомба“ во Охрид, а во Воска доаѓа од редовите на прволигашот Македонија Ѓорче Петров. Претходно, во својата кариера Адем имаше настапувано и за Ренова од Џепчиште, Шкупи, Тетекс, Милано од Куманово и Напредок.

Исксуниот фудбалер стави потпис на договор со важност до 30 јуни 2024 година.