
Второлигашот Слога од Виница го претстави првото засилување за пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига.
Давид Бошески е прво засилување кое во Виница доаѓа од редовите на прволигашот Академија Пандев од Струмица. 19-годишниот Бошески ќе ја засили одбранбената и средната линија на Слога, која во пролетниот дел ќе атакува на сигурен и директен опстанок во второлигашкото друштво.
Бошески има настапувано и за Пехчево, а во младинските категории има настапувано и за Њу Старс и Вардар.
Како што дознава телевизија М Нет, во понеделник ќе бидат претставени уште три засилување во Виница.
Слога пролетниот дел го отвара на домашен терен против „фенерџијата“ Борец од Велес.