
Академија Пандев се засили на голманската позиција со искусниот Бурхан Мустафа, кој стави потпис на шест месечен договор со стумичкиот прволигаш.
32-годишникот ќе го носи дресот на Академија Пандев до крајот на пролетната полусезона, а во Струмица доаѓа од редовите на второлигашот Гостивар. Во својата кариера Мустафа беше дел од Борец, Работнички, Дрита, Шкупи и косовски Феризај.