Бурхан Мустафа ја засили Академија Пандев за пролетната полусезона

Академија Пандев се засили на голманската позиција со искусниот Бурхан Мустафа, кој стави потпис на шест месечен договор со стумичкиот прволигаш.

32-годишникот ќе го носи дресот на Академија Пандев до крајот на пролетната полусезона, а во Струмица доаѓа од редовите на второлигашот Гостивар. Во својата кариера Мустафа беше дел од Борец, Работнички, Дрита, Шкупи и косовски Феризај.