
Голема трагедија во мак-фудбалот, на само 22 години почина Стефан Петровски – Паше, фудбалер на третолигашот Новаци.
Семејството, пријатели, фудбалските работници, во шок по големата трагедија која го зави во црно Новаци.
Петровски кој е роден 2000 година беше еден од најдобрите фудбалери на Новаци, а беше скаутиран и од Академија Пандев. Во својата кариера настапуваше и за Пелистер.