
Македонија Ѓорче Петров од денес ги започнува подготовките за пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига.
„Лавовите“ ќе се подготвуваат во Хрватска, каде ќе бидат дел од „Арена Куп 2023“.
За утре се предвидени лекарски прегледи во Пула, а на хрватско тло ќе се одиграат најмалку три натпревари против Истра од Хрватска, Арсенал Тиват од Црна Гора и Колкети од Грузија.
„На 3-ти јанувари официјално ги започнуваме подготовките за прелетниот дел на сезоната. Во Хрватска наредните 12 дена ќе престојуваме во Хотел Белведере Медулин, каде имаме одлични услови за работа. На 4-ти имаме закажани лексарски прегледи во Pula medicine center. Ќе учествуваме на Арена Купот, каде ќе одиграме најмалку три натпревари. Играчите ќе имаат време и за одмор, но по посебна програма за работа. Подготвени сме за наредните предизвици кои не очекуваат во кои се надеваме дека и оваа година ќе бидеме успешни“, рече шефот на стручниот штаб Мухарем Бајрами.
На 25. јануари Македонија ЃП ќе продолжи со подготовките во Турција, Анталија.
„Лавовите“ презимуваат на седмото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига со 20 освоени бодови.