Воздухот во Штип загаден трипати повеќе од дозволенто, црвена зона веќе седми ден

Веќе петти ден по ред Штип под магла, воздхухот за прв пат по подолг временски период загаден повеќе од дозволеното. ПМ честичките се три пати над дозволеното, штип веќе седми ден се наоѓа во црвена зона. Вчера загденоста била најголема, а денеска од дозволени 50 ПМ честитчки станиците измериле -108. Причина за ваквата состојба во градот е мирното време и стабилната атмосфера која трае веќе една недела, вели професор Дејан Мираковски. Реткост е вели тој, но се случува и Штип деновиве е со зголемено ниво на загадување на воздухот.

„Емисиите кога се работи за загадување на воздухот, освен колкуави се емисиите големо влијание имаат и метереолошките услови. Метереолошките услови се мирен воздух, стабилна атмосфера без движење, без ветер и генерално и целата емисија која луѓето со различни активности ја емитираат или со загревање, индустрија или сообрќај останува во подзмените слоеви и постепено се зголемува концентрацијата на суспендирани честички. За жал последната недела имаме многу мирен воздух, дури Штип кој ретко имал вакви периоди на стабилна атмосфера и поради тоа е еден од најчистите градови од аспект на квалитет на воздух. Ама сега имаме зголемено ниво на загадување.“ – вели Мираковски.

Ова е еден од најдолгите периоди во кои Штип се наоѓа во црвена зона и воздухот е екстремно загаден. Експертите препорачуваат да не се излегува на отворено, граѓаните да внимаваат и да се почитуваат препораките на властите.

„За жал тоа е метерологија, не може ние да ја контролираме. Штип ретко има вакви подолги периоди, имало ден – два, но ова кај нас во нашите станици е еден од најдолгите периоди на стабилна атмосфера и на зголемено загадување. Зголеменото загадување е опасно за сите категории граѓани, и треба да внимаваме сите“ – додава Мираковски.

Штип последен пат во слична ваква состојба беше во пред две години, но тогаш временски ситуацијата траеше многу пократко за разлика од сега.

Лаура Стојанова М-Нет