Мирна ситуацијата во штипски Караорман, жителите со писмено барање до наделжните институции

Механизацијата тргната од терен, ама жителите од штипски Караорман и понатаму не се мирни. Велат дека деновиве ќе поднесат писмено барање до надлежните институции и ќе чекаат одговор од нивна страна за вадењето на песокод река Брегалница. Стравуваат дека мирната ситуација каква што е сега кратко ќе трае и дека ќе се продолжи со вадење на песок од реката.

„ние мора да понесеме писмено барање до Водостопанство и до Министерството за животна средина и сакаме одговор од нив. Моментално е мирно, тие синоќа го напуштија теренот, ги тргнаа камионите и механизацијата за копање на песок, ама ние не сме мирни оти знаеме дека за кратко време ќе се вратат“

Денеска беше предвидено и блокирање на патот Штип кон Караорман, но жителите велат ќе чекаат одговор од Министерството за животната средина и Водостопанство. Тоа не значи дека протестите се во мирување, и ако не се стопира овој процес блокада на патот ќе има.

„Протестите не се ставени во мирување, оти ние сега сакаме писмено, да се заштитиме, да видиме кој права ги имаме и што може да се преземе. Сега писмено ќе протестираме, ако видиме дека тие пак ќе се вратат ќе го блокираме патот“ – додава Јанев.

Проблемот кај штипски Караорман се актуелизираше пред неколку дена, кога жителите протестираат заради вадењето песок од Брегалница и опасност од губење на сопствените имоти. Поддршка добија од Локалната власт, а сега чекаат одговор од наделжните институции.

Лаура Стојанова М-Нет