
Предновогодишен попуст на целиот новогодишен асортиман во Аџико, како и можност граѓаните денеска да донираат за здружението Сполотени срца. Денеска на влезот Дедо Мраз со подароци придонесуваше за насмевки на лицата кај граѓаните, а акцијата ќе трае до 31 декември оваа година. На ваков начин вработените во Аџико ја испраќаат старата и ја дочекуваат новата година.
„Денеска во нашиот продажен салон Аџико, во Штип,Скопје, Гевгелија и Куманово се организра една предновогодишна забава, да го најавиме почетокот на новата 2023 година. Во нашиот салон има попуст на новогодишниот асортиман од 20%. Дедомразот е овде да ги израдува најмалите, а најголема цел е секој посетител да донира за дечињата со посебни потреби.“ – вели Андов.
Ваквите акции во кои се вклучуваат граѓаните, но и општествено одговорни компании се од огромно значење и даваат надеж дека ценатрот за рехабилитација на лицата со посебни потреби ќе се отвори токму во Штип, вели претседателот на здружението Сплотени срца, Зоран Мијалков.

„Многу значи вниманието, како што знаете ние со години се бориме за рехабилитациски центар во Штип, што многу ќе значи за овие генерации деца со посебни потреби, нои за идните генерации што за жал доаѓаат. Вакви одговорни компании многу ни значи што цело време не поддржуваат“ – додава Мијалков.
Граѓаните може да донираат до крајот на денешниот ден, а предновогодишниот попуст трае до крајот на годината.
Лаура Стојанова М-Нет