
Асфалтен слој денеска доби улицата „Јосиф Ковачев“ во Штип. По претходна промена на водоводната мрежа се пристапи и кон асфалтирање на улицата со цел граѓаните да може побезбедно да ја користат истата. Станува збор за тесно грло во централното градско подрачје во Штип, но и улица која е доста фрекфентна и имаше огромна потреба од незјина реконструкција.
„Денес ќе се изврши асфалтирање на истата оваа улица, станува збор за една фрефентна улица која беше со годините наназад доста оштетена. Најпрво се изврши промена на водоводната мрежа што значи дека извршивме целокупна реконструкција на истата улица. Вкупниот износ е 1.300.000 денари, а се однесува на промена на водоводната мрежа и нанесување на нова асфалтна маса. Со ова значително ќе се подобри патната инфраструктура на овој дел од градот и сум убеден дека граѓаните ќе ја безбедно користат истата оваа улица која е тесно грло во градот, но е доста фрекефентна.“ – вели Јорданов.
Во наредните денови се очекува да се постави асфалтен слој и на улиците во населба Автокоманда, откако претходно се работеше на замена на водводната и канализациона мрежа, со што ќе завршат градежните активности на терен за оваа сезона, истакна градоначалникот Јорданов.
„Се надевам дека следните денови ќе се започне со нанаесување на првиот асфалтен слој на улиците Браќа Даневи, Петти конгрес и Солидарност, се надевам дека временските прилики ќе не послужат за да може таму да се обезбедат услови за функционирање на граѓаните и на возилата кои минуваат по овие улици. “ – додава Јорданов.
Јорданов истакна дека е задоволен што оваа година временските услови биле наклонети на нивна страна за да може да се реализираат повеќе проекти во однос на асфалтирање улици и патишта, тротоари и случно.
Лаура Стојанова М-Нет