
Хуманитарна акција по повод Новогодишните и Божиќни празници спорведоа од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ во Штип. Собирајќи храна и облека, направија пакетчиња за најмалите, децата со социјално загрозени семејства на кои им е најпотребно, со цел да им се помогне и да им се разубават претстојните празници. Претседателот на Унијата на млади сили, Иван Коцев ги повика граѓаните кои се во можност да донираат и да разубват нечиј празник.
„Денес Унијата на Млади сили на ВМРО ДПМНЕ организира хуманитарна акција во пресрет на новогодишните и божиќни празници. Со оваа хуманитарна акција имаме за цел да им помогнеме на оние на кои им е најпотребно, истовремено да создадеме убави и среќни моменти за секого. Ги повикуваме сите кои може да донираат да се приклучат заедно со нас на оваа наша иницијатива. Пакетчињата ќе бидат донирани на оние на кои им е најпотребно, луѓето од ранливи категории. Досега има собрано облека и храна.“ – вели Коцев.
Хуманитарна акција на сличен начин пред одреден временски период спороведоа и од Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Штип, во која се поделија пакетчиња на најмалите и пакети со храна и средства за хигиена на повозрасните. Ваквите акции се со цел да им се помогне на семејствата од социјален ризик, и да се направат повесели празниците и за нив.
Лаура Стојанова М-Нет