Повозрасните штипјани, очекуваат ама не веруваат подобрување на ситуацијата наредната година

На неполна недела пред дочекот на Новата 2023 година, повозрасните граѓани во Штип се песимисти дека нешто може да се промени. Очекуваат подобро, но само во делот на вредности кои не зависат од државата и политичките партии. Кога станува збор за состојбата во државата дел од нив велат ни по пет години работите нема да се движат кон подобро.

„Што и да посакаме, нема ништо да се оставре. Па еве, Владата зананикаде се и затоа не очекувам ништо подобро, само полош може да биде“ – велат граѓаните.

Анкетираните повозрасни штипспјани велат новата година ќе ја дочекаат во домашна атмосфера. Ова се должи пред сѐ на финансиската состојба, ниските примања на граѓаните, но и возраста. Велат претходните години многу повеќе сње чувствувале празниците, сега ситуацијата е далеку поразнична.

„Домашен амбиент. За нас пензионерите нема такви работи, тоа знае се, каде ќе одиме кога дочекот е 2000 – 3000 денари. Плус тоа сами сме јас и бабата, дома најубаво. “ – додаваат граѓаните.

2022 година за повзрасните граѓани речиси идентична како и претходните, велат немало драстични промени кај анкетираните, но иако дел од нив не веруваат сепак очекуваат подобрување на работите.

Лаура Стојанова М-Нет